• недела, 22 декември 2024

Објавен романот „Во длабочината на моите рани“ од Благица Каревска

Објавен романот „Во длабочината на моите рани“ од Благица Каревска

Скопје, 13 декември 2024 (МИА) - Книгоиздавателството „Панили“ го објави романот „Во длабочината на моите рани“ од авторката Благица Каревска. Станува збор за дело кое што ги руши границите меѓу фактот и фикцијата, има спој на елементи на психолошки роман, фантастика, љубовна приказна, семејна драма и трилер.

-Овој роман не е само поигрување со жанрот, туку и четиво какво што ретко, македонската читателска публика може да прочита од млад македонски автор. Проза што не дозволува читателот да биде рамнодушен и пасивен, туку со секоја нова страница кај него буди нови емоции и во исто време го поттикнува на активно читње, и тој а се „впушти“ во дејството. „Во длабочината на моите рани“ од Каревска е роман во којшто нема класични протагонисти и антагонисти, затоа шо секој од ликовите го носи својот товар што го поттикнува да ги доживее и најголемите падови и најголемите предизвици и издигнувања во животот, се вели во соопштението за романот.

Благица Каревска е родена во 1993 година во Волфах, Германија. Од раните детски години наваму живее во Скопје, каде што го завршува своето образование.

Романот „Во длабочината на моите рани“ е достапен за читателите во книжарниците на „Матица македонска“, како и преку онлајн-книжарницата на книгоиздавателството.бт/са/

Фото: корица

Остани поврзан