• понеделник, 01 јули 2024

Објавен конкусот за бруцоши на УКЛО-Битола, најмногу места на Технички и Правен факултет

Објавен конкусот за бруцоши на УКЛО-Битола, најмногу места на Технички и Правен факултет

Битола, 6 јули 2022 (МИА) - Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола го објави конкурсот за упис на студенти во прва година на прв циклус студии за новата академска година.

Годинава ќе може да се запишат 2.625 студенти, а најмногу слободни места се огласени на Техничкиот факултет, вкупно 390 и на Правниот факултет, вкупно 365.

Според конкурсот, на Факултетот за безбедност во Скопје ќе може да се запишат 350, на ФТУ-Охрид 347, на ФИКТ во сите три категории на студирање ќе може да се запишат 255, во Прилеп на Економскиот факултет огласени се 248, а на Педагошкиот факултет слободни се 215 места. Патем на Педагошкиот во Битола ќе се врши претходно оценување на психо-физичките способности на пријавените кандидати за студирање, а оценувањето на кандидатите е елиминаторно.

Во новата академска година на Биотехничкиот факултет ќе може да се запишат 120 бруцоши, на Ветеринарниот факултет-45, а на Високата медицинска школа 215 кандидати.

Првиот уписен рок на УКЛО-Битола ќе се реализира на 29 и 30 август. мт/сст/

Остани поврзан