• сабота, 13 декември 2025

Објавена „Книжевни созвучја и огледала“ - новата книга со критички есеи на Елизабета Шелева

Објавена „Книжевни созвучја и огледала“ - новата книга со критички есеи на Елизабета Шелева

Скопје, 12 септември 2025 (МИА) - Неодамна од печат излезе „Книжевни созвучја и огледала“, новата книга со критички есеи на Елизабета Шелева, еден од најугледните и најдоследни македонски толкувачи на литературата.

Проф. Шелева во книгата ги споделува своите продлабочени есеистички промислувања за идентитетското и космополитското, егзилот и странствувањето, сродноста и далечината во книжевните изведби на редица бележити книжевни творци од нашата и другите светски литератури.

Издавач е Сивејан од Скопје, а книгата може да се најде во книжарницата Или-или.

Фото: Сивејан

Остани поврзан