• петок, 22 ноември 2024

Објавена книгата „Меѓународно право за правата на човекот“ на Љубомир Фрчкоски

Објавена книгата „Меѓународно право за правата на човекот“ на Љубомир Фрчкоски
Скопје, 12 март 2021 (МИА) - Во издание на издавачката куќа „Три“ од печат излезе книгата „Меѓународно право за правата на човекот“ на Љубомир Д. Фрчкоски. - „Меѓународно право за правата на човекот“ е исклучително четиво кое ги надминува рамките на учебник за студентите и експертите во областа. Оригинален, влимателно аргументиран и убаво напишан, овој текст се обидува да ја постави тезата, линијата помеѓу етиката и политиката на човековите права, правејќи „еленски скок“ над правото и позитивизацијата на човековите права што е денес доминантна во светот. Отворајќи ги содржајните парадокси на човековите права, нив ги поставува во хоризонтот каде што тие единствено преживуваат - еманципаторскиот дискурс на отпорот и солидарноста. Отпорот и чувствителноста дека правата се основниот, анархичен и револуционерен алат кој човекот го има за сопствено субјективизирање, посочува издавачот. Книгата е објавена на македонски и на англиски јазик. сп/

Остани поврзан