• среда, 24 јули 2024

Објавена книгата „Дни, години“ од Димитар Башевски

Објавена книгата „Дни, години“ од Димитар Башевски

Скопје, 3 април 2023 (МИА) - Издавачката куќа „Слово“ од Скопје ја објави книгата „Дни, години“ од Димитар Башевски. Книгата е објавена со поддршка на Министерството за култура. Станува збор за најнова книга од овој романсиер, раскажувач и поет, чии книги досега се преведувани на повеќе европски јазици - англиски, чешки, грчки, романски, српски, бугарски, албански, турски, црногорскии и други и ги добиле важните книжевни награди и признанија во земјата, информираат од оваа издавачка куќа.

- „Дни, години“ е поетска книга што доаѓа во зрелата творечка фаза на Башевски и ги изразува главно оние поетски својства за кои еден број критичари пишуваа и за досегашните негови поетски книги. Во таа смисла, англискиот критичар Алан Браунџон, по повод објавата на избор поезија на Башевски во Лондон, напиша дека „како повозрасен писател, тој (Башевски) сосема природно се движи во митовите на зрелоста, отколку во смелите фантазии на младоста“, пишува меѓу другото во соопштението. бд/aa/

ФОТО: Издавачката куќа „Слово“

Остани поврзан