Објавена „Девојката Смрт“ од чешката писателка Луцие Фаулерова
- Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје ја објави книгата „Девојката Смрт“ од чешката писателка Луцие Фаулерова, во рамките на проектот „Создадено во Европа: Моќта на различноста“.
Скопје, 22 февруари 2023 (МИА) - Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје ја објави книгата „Девојката Смрт“ од чешката писателка Луцие Фаулерова, во рамките на проектот „Создадено во Европа: Моќта на различноста“.
Книгата на македонски јазик е објавена со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во склоп на Креативна Европа на Европската Унија – Потпрограма „Култура“.
- Иако навидум главната тема во романот е самоубиството, Фаулерова изјавила дека главната тема е слободата. Слободата во смисла на тоа човекот сам да го направи сопствениот избор – дали да живее или не, посочуваат од „Антолог“.
Преводот од чешки на македонски јазик е на преведувачката Маргарета Карајанова. ир/сп/