• понеделник, 09 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ОБСЕ евакуира персонал од Украина кон Молдавија

ОБСЕ евакуира персонал од Украина кон Молдавија
Виена, 26 февруари 2022 (МИА) -  Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) почна да го евакуира персоналот на својата специјална набљудувачка мисија од територијата под контрола на Украина во Молдавија, изјави неименуван дипломатски извор. Како што наведе, околу 160 возила на ОБСЕ веќе ја минале границата меѓу двете земји и се упатиле кон Кишињев, главниот град на Молдавија. Набљудувачите во самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск се уште се на терен.

Остани поврзан