„Обредни народни носии“, тема на годинашната Ревија на народни носии
- „Обредни народни носии“ е темата на годинашната Ревија на народни носии што ќе се одржи на 21 септември во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга во организација на културно уметничкото друштво „Илинден“.

Струга, 10 септември 2024 (МИА) - „Обредни народни носии“ е темата на годинашната Ревија на народни носии што ќе се одржи на 21 септември во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга во организација на културно уметничкото друштво „Илинден“.
- Секој ревијалец-учесник на сцената треба да презентира една или повеќе народни носии со кои треба да ја опфати тематиката на овогодинешното издание „Обредни народни носии“, соопшти организаторот.
Пријавите со име и презиме на сопственикот на народните носии, опис на народните носии, од кои делови се составени носиите и неколку фотографии да се испратат на e-mail: kud_ilinden@hotmail.com најдоцна до 15 овој месец.
Ревијата на народни носии во Струга е со долгогодишна традиција, која по пауза од седум години, пред четири години беше возобновена од КУД „Илинден“. сс/дма/
Фото: КУД „Илинден“