• среда, 15 мај 2024

Обновена хоризонталната сигнализација на 9 874 метри квадратни сообраќјна површина

Обновена хоризонталната сигнализација на 9 874 метри квадратни сообраќјна површина
Скопје, 4 јуни 2022 (МИА) - Екипите на ЈП „Улици и патишта“ кои ја одржуваат хоризонталната сигнализација на сообраќајниците во градот, од почетокот на ноќното бележење (16.05.2022 година) досега обележаа 9 874 метри квадратни површина. Како што соопшти Град Скопје, од вкупната површина, 2 076 квадратни метри се обележани рачно, а 7 298 квадратни метри машински. -Рачното бележење се одвиваше во централното градско подрачје и обновена е бојата на пешачките линии, такси постојки, автобуски постојки, местата на паркинг за лица со попреченост, стрелки за насока на движење и друго. Со машинското бележење се обновува бојата на линиите на коловозите во насока од општина Центар кон општина Ѓорче Петров. Според однапред утврдената динамика од Град Скопје и од Секторот за сообраќај екипите продолжуваат со обнова на хоризонталната сигнализација и на сите преостанати сообраќајници со цел зголемување на безбедноста на сите учесници  во сообраќајот, информираат од Градот Скопје. мч/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан