• недела, 28 април 2024

Облачно и студено со повремени врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови

Облачно и студено со повремени врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови
Скопје, 15 октомври 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во југоисточните делови, а во останатите делови ќе бидат со послаб интензитет. Поради затоплување на висина, на планините врнежите повторно ќе преминуваат во дожд. Утринската температура ќе се движи од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени. Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 8 степени. Од сабота ќе настапи стабилизација на времето со пораст на дневната температура. За време на викендот ќе биде пооблачно и ветровито, а од понеделник ќе има повеќе сончеви периоди.

Остани поврзан