• петок, 05 декември 2025

Облачно и ветровито до среда, потоа следува стабилизација на времето

Облачно и ветровито до среда, потоа следува стабилизација на времето

Скопје, 6 октомври 2025 (МИА) - До среда во земјава ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од четврток се очекува  период на стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура.

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен локален дожд и максималната температура до 12 степени. дма/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан