• сабота, 21 декември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
25 мај 2021 (МИА) Правни обичаи  Род и роднина Прашање: Дали народот прави разлика...? Одговор: Меѓу роднинството по крв и роднинството по сватовство народот прави суштинска разлика. Исто така разликува роднинство по машка и женска линија при што предност има првото. Степените на роднинство ги определува црковниот закон, до осмиот појас односно до третите братучеди, после кое веќе можат да се земаат, а никако понапред како што се пее во песната: Димо и Петра убава Отишол Димо по вино, со двана коњи црвени. (Итн. како во песните од зборникот) -За кого Димо, за кого, за кого ќе се ожениш? - За тебе Петро убава, за тебе ќе се оженам. - Ослепел Димо, оќорел, дељми сме ближни роднини, дељми сме први брачеди- татко ти и татко – два брата, два брата ми се родени, мајка ти и мајка јатрви, а ние двата брачеди! Итн. И покрај тоа се наоѓаат по селата и помалку по градовите бракови и од шестиот појас дури и на петтиот од некои причини. Во такви случаи убаво се отвораат вратите на владичките интереси. Еве список по роднинство: 1. По крв. а) Нагорни роднини: татко и мајка, дедо и баба, прадедо и прабаба. б) Надолни роднини: син и ќерка, внук и внука, правнук и правнука. в) Сребрени: стрико и стрина, вујко и вујна, тетка, тетин. г) Брат и сестра, брачед и брачеда први (децата на стрикото, на вујкото или на тетката). Трети братучеди (децата на вторите братучеди). д) Внук или внука од брат, од сестра или од братучед. е) Очув, маштеа, посинок (затечен или донесен) паштерка или паштерица (затечена или донесена). Б. По сватовштина. Маж и жена, свекор и свекрва, тест и тешта (родители на жената) девер и јатрва (братот на мажот и неговата жена), шура и шурна (братот на жената и неговата жена), золва и зет или по костурски – золвеник (сестрата на мажот и), свеска и баџанак (сестрата на жената и мажот и). Сите тие се од два страка роднини воопшто наречени сватовштини. Секој член од секој страк се нарекува сват на секој од другиот страк освен зетот и невестата на кои им ги определивме должностите. Децата на секој член на секој од двата страка се викаат внуци на сите други од погорниот степен возрасни членови од секој страк, а децата на членовите од секој страк се сватчиња на секој член од другиот страк. В) Роднинство по кумство. Кум (оној што крстил или венчал) кума или кумица (жената на кумот или која што го крстила или венчала) децата на кумот и децата на крстеникот. По селата го викаат нунко, а кумата нунка, крстник или крштеник – крстениот од кумот. Г) Роднинство од побратимување или посестримување. Д) Роднинство од посинување. Од записите на Кузман Шапкарев. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан