• недела, 22 декември 2024

Обилни дождови во Западна Грција, едно лице загина

Обилни дождови во Западна Грција, едно лице загина

Атина, 6 октомври 2024 (МИА) - Бурата „Касандра“ предизвика значителни штети во западна Грција и однесе еден живот во Лепено, известува грчкиот весник „Катимерини“.

Починатиот е 52-годишен чувар на фабрика за асфалт, кој бил пронајден околу шест километри од своето работно место, најверојатно однесен од поплавите. Претходно, пред да се изгуби врската со него, тој му соопштил на својот колега дека блиската река се излеала поради поројните дождови.

Во близина на Стратос и Ривио се пријавени сериозни штети, каде реките ги поплавија подрумите и блокираа автомобили.

На островот Крф, громови предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија,а поплавите на улиците предизвикаа наезда на глодари.

Пожарникарите расчистуваат паднати гранки и помагаат на поплавените хотели и продавници. Воздушниот сообраќај беше нарушен, а неколку авиони беа пренасочени. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан