• петок, 22 ноември 2024

Обид за убиство при семејно насилство – маж се обидел да ја убие партнерката

Обид за убиство при семејно насилство – маж се обидел да ја убие партнерката

Скопје, 17 ноември 2023 (МИА) - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

-На 15 ноември, осомничениот при вршење семејно насилство, се обидел да ја лиши од живот неговата вонбрачна партнерка. По кратка вербална расправија, тој зел нож со кој и се заканил дека ќе ја убие. На тоа, оштетената заедно со детето тргнала да бега кон домот на нејзините родители во близина, но осомничениот ја стигнал пред влезната врата на нивниот дом и и нанел повеќе убоди со ножот во пределот на грбот и вратот, се наведува во соопштението од ОЈО Скопје.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и можност да го повтори или да го доврши обиденото кривично дело. фф/дма/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан