• петок, 22 ноември 2024

Обезбедена „трикафта“ за најкритичните пациенти, законски измени за итна набавка на лекови од ваков тип

Обезбедена „трикафта“ за најкритичните пациенти, законски измени за итна набавка на лекови од ваков тип

Скопје, 16 февруари 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека финансиските средства за заболените од цистична фиброза се обезбедени. Добавувачот на лек има обезбедено количини за најкритичните и тие ќе стигнат согласно динамиката што производителот ја кажува, зашто не се работи за лекови кои ги има на залиха, туку се произведуваат по барање и нарачка за точен број пациенти. 

Ковачевски очекува поддршка од пратениците за итно донесување на законските измени кои, како што објасни, ќе овозможат директно преговарање за патентираните лекови кои се произведуваат од само еден производител.

чера имаше соопштение од Владата во делот на заболените од цистична фиброза дека финансиските средства се обезбедени. Добавувачот на лек има обезбедено количини за најкритичните од единствениот производител. Тие ќе стигнат согласно динамиката што производителот ја кажува, бидејќи тие не се лекови кои ги има на залиха, туку се произведуваат по барање и нарачка за точен број пациенти. Мислам дека тоа што успеале да го испреговараат ќе овозможи да имаме за уште одреден број пациенти лек веднаш, а уште во текот на вчерашниот ден и во изминатите денови тимовите на министерствата за здравство, за финансии и други работат на промените на законите по примерот на другите држави каде што лек што е патентиран и се произведува од само еден производител, да може да се оди со директно преговарање, бидејќи таква законска можност не постои кај нас како што постои во некои околни држави. Верувам дека тоа сите пратеници ќе го поддржат во Собранието и ќе имаме по итна постапка менување на тој дел од Законот за да немаме веќе никакви проблеми во набавка на ваков тип лекови, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по отворањето на новата градинка во Волково.

Според него, на состанокот со Асоцијацијата на пациентите за цистична фиброза е договорено да се работи заеднички на протоколите за примање на терапијата.

-Не е само да ја имаат терапијата, туку мора да се спроведат протоколи во однос на број и место каде таа терапија се прима, дополни премиерот. мч/аа/ 

Остани поврзан