• петок, 05 декември 2025

Обединети Арапски Емирати: Одлуката на Судан не е валидна

Обединети Арапски Емирати: Одлуката на Судан не е валидна

Абу Даби, 7 мај 2025 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска соопшти дека не ја признава одлуката на Суданскиот совет за одбрана за прекин на односите меѓу двете земји.

Советот за одбрана на Судан објави дека ќе ги прекине односите со ОАЕ, обвинувајќи го Абу Даби дека ги снабдува со модерно и стратешко оружје паравоените Сили за брза поддршка (СБП).

Според суданскиот совет, овие оружја ѝ овозможиле на СБП да изведуваат напади, вклучувајќи и напади со дронови врз пристаништето Порт Судан на Црвеното Море, што дополнително ја ескалирало двегодишната граѓанска војна во земјата.

Во изјавата на суданската влада, која е поддржана од редовната армија, се наведува дека се прекинуваат дипломатските односи со ОАЕ, кои се прогласуваат за „агресорска држава“, обвинувајќи ги дека испорачуваат стратешко оружје на Силите за брза поддршка. ссм/

 

Остани поврзан