• четврток, 03 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Обвинителството нареди обдукција за починатото лице во сообраќајката кај Марена

Обвинителството нареди обдукција за починатото лице во сообраќајката кај Марена

Неготино, 27 декември 2023 (МИА) - Јавното обвинителство нареди обдукција за починатото лице во сообраќајката кај Марена, во која учествуваа три патнички моторни возила. Како што појаснија од Обвинителството за МИА, бил извршен увид на лице место на патот Неготино - Кавадарци. Еден возач починал,  друг бил повреден. Две лица биле неповредени во третото возило.

-Преземени се сите мерки за испитување на околностите под кои дошло до несреќата. Издадени се сите потребни наредби, меѓу што и обдукција на починатото лице. Се работи на утврдување на причините за несреќата, додадоа од Обвинителството. свд/бт/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан