Во Битола мобилизирана зимската служба
- Општина Битола ја активира зимската служба во која вклучени се локалните јавни претпријатија „Нискоградба“ и „Комуналец“, а на терен е и градоначалникот Тони Коњановски.
Битола, 21 јануари 2026 (МИА) - Општина Битола ја активира зимската служба во која се вклучени локалните јавни претпријатија „Нискоградба“ и „Комуналец“, а на терен е и градоначалникот Тони Коњановски.
Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираа дека се интервенира на улиците од прв и втор приоритет, како и на патеките за пешаци.
-Камиони посипувачи излегоа на терен во 3:30 часот и до 7 часот утрото, за улиците употребени се 12 тони сол и 8 метри кубни ризла. Се чисти според приоритет, виталните сообраќајници се оспособени за нормално одвивање на сообраќајот, како и пристапите до јавните институции. Екипите на ЈКП „Нискоградба“ продолжуваат со чистење во текот на целиот ден во оспособување и на улиците од втор и трет прироритет и патиштата до населените места. Екипи на ЈП „Комуналец“ од раните утрински часови се на терен со цел расчистување на снегот од пристапните патеки за пешаците, соопштија од локалната самоуправа.
За активностите на зимската служба, граѓаните може да ја следат и апликацијата „Битола-Зимска служба“ , посочија од Општина Битола.мт/вј/
Фото: Општина Битола