• недела, 22 декември 2024

Обвинителството и полицијата го истражуваат кибер нападот со вештачка интелигенција на премиерот Вучевиќ

Обвинителството и полицијата го истражуваат кибер нападот со вештачка интелигенција на премиерот Вучевиќ

Белград, 4 јули 2024 (МИА) - Во врска со видеото што беше објавено на социјалната мрежа Фејсбук на налогот именуван „Corvus01“, во кој со употреба на „вештачка интелигенција“ е креирана изјава на премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ, се огласи специјалното одделение за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград за собирање на потребните известувања на полициските службеници на Службата за борба против високотехнолошкиот криминал, јави дописникот на МИА од Белград.

Побарано е отстранување на предметниот налог од социјалната мрежа, со претходно прибирање податоци за налогот и негово користење од давателот на услугата „Мета платформи“, соопшти Вишото јавно обвинителство во Белград.

Специјалното одделение за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград апелира до граѓаните да бидат внимателни при користењето на Интернет и внимателно да читаат текстови и да гледаат или слушаат аудио и видео снимки на Интернет и доколку бидат доведени во заблуда од овој или слични настани, на своја штета нешто да направат, да поднесат пријава со доаѓање во Обвинителството.

Владата на Р.Србија синоќа соопшти дека со помош на вештачка интелигенција создадена е непостоечка изјава на премиерот Милош Вучевиќ каде што е злоупотребен неговиот лик, додека со генериран глас се соопштени податоци за непостоечки владини проекти.

Министерството за внатрешни работи, односно полициските службеници на техничката управа на СБПВТК, стапиле во контакт со компанијата Мета со цел да се отстранат објавите и да се достават податоци за администраторот на сметката. Против анонимно лице е поднесена кривична пријава и се работи на утврдување на идентитетот на лицето кое стои зад профилот на кој е објавено лажното видео, наведоа од српската Влада. об/паг/

Остани поврзан