• понеделник, 23 декември 2024

Обвинителството во Истанбул подигна второ обвинение за убиството на новинарот Џамал Кашоги

Обвинителството во Истанбул подигна второ обвинение за убиството на новинарот Џамал Кашоги
Истанбул, 28 септември 2020 (МИА) – Турски обвинители денеска подигнаа второ обвинение против шест осомничени Саудијци во врска со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, што се случи во 2018 година, јави агенцијата Анадолија. Подготвеното обвинение од 41 страница против шесте осомничени лица кои се во бегство, вклучувајќи двајца вработени во Конзулатот, беше одобрено од Канцеларијата на јавниот обвинител во Истанбул и поднесено до Високиот кривичен суд број 11, каде што беше сослушан главниот случај на 20-те обвинети. Обвинителството против двајцата вработени во Конзулатот – Султан Јахја А. и Јасир Халир М., бара одделни „отежнати доживотни казни за монструозно убиство со намера“. Обвинителството бара затвор од шест месеци до пет години за четворица осомничени – Ахмет Абдулазиз М., Калид Јахја М., Мохамед Ибрахим А. и Обаид Гази А, јави Анадолија. Според обвинението, двајцата вработени во Конзулатот биле во тимот што го извршил убиството и потоа ја напуштиле Турција, додека другите четворица осомничени се обвинети за напуштање на Турција по измама во доказите со одење на местото на злосторството веднаш по убиството. Новинарот на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги, беше убиен во комплексот на Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, каде што отишол на закажан состанок за издавање на лични документи за венчавка. По повеќедневното негирање, саудиските власти признаа дека Кашоги е убиен, а потоа судот во Саудиска Арабија изрече смртни казни за петмината обвинети. Претходно овој месец, Кривичниот суд во Ријад ги измени смртните казни за обвинетите, изречени минатата година, во затворски казни до 20 години. Судскиот процес во Саудиска Арабија беше критикуван. - Саудискиот обвинител денеска изврши уште едно дело во оваа пародија на правдата. Но, овие пресуди не носат легален и морален легитимитет, рече тогаш Агнес Каламард, специјалната известувачка на ОН за вонсудски егзекуции.

Остани поврзан