• вторник, 26 ноември 2024

Обвинителни предлози за девет лица за употреба на фалсификувани ПЦР-тестови на скопскиот аеродром

Обвинителни предлози за девет лица за употреба на фалсификувани ПЦР-тестови на скопскиот аеродром
Скопје, 26 февруари 2021 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителни предлози против вкупно девет лица, од кои шестмина македонски државјани, двајца швајцарски државјани и една државјанка на Република Босна и Херцеговина, кои во издвоени кривично-правни настани сториле кривично дело – фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.
Како што информираат од ОЈО, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје тие прикажувале како вистински лажни потврди за негативни ПЦР-тестови за SARS-CoV-2 вирусот, кои наводно биле издадени од лаборатории во Скопје.
- На странските државјани, врз основа на признание на вина, Основниот кривичен суд Скопје веќе им изрече пресуда со која ги огласи за виновни и им изрече условна осуда – казна затвор од една година, која нема да се изврши доколку обвинетите во рок од три години по правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело. Исто така, изречена им е и казна протерување на странец од земјата во траење од пет години, посочуваат од ОЈО. фф/ац/

Остани поврзан