• недела, 22 декември 2024

Обвинителите против префрлањето на Јозеф Фрицл во обичен затвор

Обвинителите против префрлањето на Јозеф Фрицл во обичен затвор

Виена, 1 февруари 2024 (МИА) - Австриските обвинители поднесоа приговор на минатонеделната судска одлука за префрлање на 88-годишниот инцестуозен силувач Јозеф Фрицл во редовен затвор, што може да му дозволи да биде ослободен.

„Монструмот“ Фрицл, како што го нарекоа откако беше откриено дека ја затворал и силувал својата ќерка цели 24 години во кои таа родила седум деца, го променил своето име, кое не е објавено во јавноста. Ваков монструозен, невиден случај во Австрија беше откриен во 2008 година.

Судот во градот Кремс ан дер Донау, западно од Виена, минатата недела нареди Фрицла да биде условно префрлен од затворското психијатриско одделение во редовен затвор по психијатриската проценка дека повеќе не претставува ризик да го изврши истото кривично дело.

Фрицл е во затворот за „ментално болни“ од пресудата во 2009 година за инцест, силување, ропство и убиство од небрежност на новородениот син во занданата што тајно ја изградил под неговата куќа, а во која од детството ја држел затворена сопствената ќерка.

Приговорот ќе го разгледа повисокиот суд во Виена.

Адвокатката на Фрицл, Астрид Вагнер, претходно изјави дека префрлањето во редовен затвор ќе му овозможи на Фрицл евентуално да излезе од затвор и да биде слободен човек. Таа потврди дека тоа барање ќе го поднесе следната година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан