• петок, 05 декември 2025

Обвинение против 23-годишник за полови дејствија со дете

Обвинение против 23-годишник за полови дејствија со дете

Скопје, 18 ноември 2025 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишник од Волково, бидејќи се обезбедени докази дека извршил други полови дејствија со девојче кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик.

-Во временскиот период од мај до јули годинава, обвинетиот во својот дом принудувал петгодишно девојче на полови дејствија и и се заканувал дека не смее да му кажува за тоа на нејзиниот татко, информираат од Обвинителство.

Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до судот поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот. аа/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан