• понеделник, 25 ноември 2024

Обвинение за недозволено поседување пиштол и муниција

Обвинение за недозволено поседување пиштол и муниција
Скопје, 25 февруари 2021 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје по спроведена истражна постапка, поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело  „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 1 од Кривичниот законик. - Обвинетиот, на 1 февруари во селото Горно Количани, во автомобилот неовластено држел пиштол марка „Црвена застава М 70А“ со калибар 9 мм Para, со две рамки и 15 куршуми за тој пиштол. Оружјето и муницијата биле пронајдени под возачкото седиште во автомобилот, соопшти денеска Јавното обвинителство. Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетиот 27-годишник, за кого се оценува дека се уште би можел да се даде во бегство или да го повтори делото кое му се става на товар. фф/сп/ Фото: МИА Архива

Остани поврзан