• петок, 20 февруари 2026

ОАЕ: Почнаа руско-украинските преговори под покровителство на САД во Абу Даби

ОАЕ: Почнаа руско-украинските преговори под покровителство на САД во Абу Даби

Абу Даби, 23 јануари 2026 (МИА) – Во Абу Даби денеска почнаа преговорите меѓу Украина и Русија под покровителство на Соединетите Американски Држави, соопшти Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати.

„Преговорите започнаа денеска во Абу Даби и, според распоредот, треба да траат два дена, во рамки на континуираните напори за поттикнување дијалог и изнаоѓање политички решенија за кризата“, се наведува во соопштението на Министерството.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека трилатералните мировни преговори за Украина ќе се фокусираат главно на територијални прашања, при што клучно останува прашањето за Донбас.

„Разговаравме кои се главните линии по кои ќе се движат преговорите, темите и посакуваниот исход“, рече Зеленски, цитиран од Укринформ.

Тој додаде дека членовите на украинската делегација веќе го земале предвид фактот дека форматите на преговорите може да бидат различни. „Делегацијата ќе носи одлуки директно на терен и ќе реагира во зависност од тоа како ќе се развива дијалогот, бидејќи овој формат се користи за првпат по подолг период“, изјави украинскиот претседател.

Остани поврзан