ОАЕ испрати 1.039 тони хуманитарна помош во Појасот Газа
- Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) испрати конвој со хуманитарна помош во Појасот Газа, како дел од иницијативата „Храбар витез 3“.
Абу Даби, 5 јуни 2025 (МИА) – Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) испрати конвој со хуманитарна помош во Појасот Газа, како дел од иницијативата „Храбар витез 3“.
Помошта се состои од 1.039 тони храна и брашно, кои би биле доволни за потребите на околу 1,3 милиони луѓе.
Како што се наведува во соопштението на ОАЕ, операцијата „Храбар витез 3“ обезбедува континуиран и голем проток на помош преку сите достапни канали. И покрај хуманитарните предизвици, ОАЕ продолжуваат да доставуваат помош во храна во палестинската енклава.
ОАЕ истакна и дека поддржува 31 фурни за да го помогнат стабилно снабдување со леб и основни прехранбени производи во Појасот Газа. ми/
фото: ДПА архива