• среда, 13 ноември 2024

НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово го одбележа патрониот празник

НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово го одбележа патрониот празник

Куманово, 7 ноември 2023 (МИА) -Националната установа центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово го одбележа патрониот празник. Пред кумановци настапија Соња Пендовска Мадевска и Златко Мадевски, хорот на училиштето „11 Октомври“ и културно уметничкото друштво „Срма“.

Успешни посетени меѓународни фестивали, „Денови на комедија“ на проза, бројни изложби, промоции, премиери на претстави.

Под центарот функционира и театарот каде што се реализира и една од фазите за реконструкција.

- Во очекување сме на одобрување на средства. Годинава ни се потребни повеќе средства за да се заврши кровот, а потоа и гледалиштето и сцената, изјави директорот на установа Сашо Тодоровски.

Центарот ги очекува и апликациите за проекти.

Речиси секојдневно во центарот за реализираат настани за љубителите на културата и уметноста. ам/ир

Фото: МИА и Општина Куманово

Остани поврзан