• среда, 26 јуни 2024

Нуно Мендеш: Знаевме дека против Чешка ќе имаме многу работа

Нуно Мендеш: Знаевме дека против Чешка ќе имаме многу работа

Лајпциг, 19 јуни 2024 (МИА) – Фудбалерот на Португалија, Нуно Мендеш ги искажа своите впечатоци по синоќешната победа над Чешка (2:1) во 1. коло на Евро 2024 година.

- Очекувавме големи проблеми. Чешка има добри играчи. Тие се квалитетни и го докажаа тоа. Сакавме да имаме посед на топката во голем процент, но кога се обидовме да постигнеме гол не можевме да го направиме тоа. На крајот завршивме добра работа и извојувавме заслужена победа. Имаме уште малку работа за да обезбедиме пласман во следната фаза. За четири дена не чека  следниот натпревар. Важно е внимателно да се анализира противникот и да се подготви тимот што е можно подобро за следниот натпревар, изјави Мендеш за сајтот на УЕФА.

Во второто коло на ЕП 2024 Португалија ќе игра против Турција, а Чешка против Грузија. Двете средби ќе се одржат в сабота на 22 јуни. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан