• среда, 25 декември 2024

„Нула отпад“ со иницијатива за изработка на маски од електричен отпад

„Нула отпад“ со иницијатива за изработка на маски од електричен отпад
Скопје, 17 март 2021 (МИА) – Сите деца од Општина Аеродром ќе имаат можност за учество во изборот на најдобра еко маска како дел од иницијативата за изработка на маски од електричен отпад, кои ќе бидат презентирaни во форма на дигитална кампања, информираат од „Нула Отпад“. Учесниците во Изборот на најдобра еко маска ќе имаат за задача да изработат индивидуална креативна маска во која ќе имаат вклучено најмалку 3 стари и неисправни електронски и електрични уреди или стари и потрошени батерии. „Нула Отпад“, за најдобрите три маски ќе обезбеди три главни награди. Од стручно жири ќе бидат доделени две награди, прва награда канон фотоапарат и втора награда паметен часовник, додека, како што велат оттаму, една награда ќе биде доделена за најлајкуваната фотографија на социјалните мрежи на Капитол Мол – гејмерски сет. - Фотографија од направената еко маска треба да се испрати во директна порака на фејсбук профилот на Капитол Мол, заедно со уредно пополнета и потпишана пријава од родител/старател најдоцна до 1 април 2021 година, до 16 часот, стои во соопштението на „Нула Отпад“ Иницијативата е организиран од страна на „Нула Отпад“, во соработка со Капитол мол и Општина Аеродром. ар/ац/

Остани поврзан