• понеделник, 23 декември 2024

Нуклеарната централа Кршко не е оштетена од земјотресот во Хрватска

Нуклеарната централа Кршко не е оштетена од земјотресот во Хрватска
Љубљана, 29 декември 2020 (МИА) - По денешниот земјотрес во Хрватска не се утврдени никакви оштетувањеа на словенечката нуклеарна централа Кршко и нема никакво влијание врз околината, изјави директорот на Кршко, Стане Рожман. Тој најави дека Кршко набрзо ќе почне нормално да работи, истакнувајќи оти е изградена да биде отпорна на многу посилни земјотреси. Безбедноста на Кршко е дополнително зајакната по несреќата во нуклеарката Фукушима во 2011 година, а во случај евентуален потрес да ја загрози работата на словенечката нуклеарка таа би можела рачно или автоматски да се исклучи во рок од неколку секунди. Во земјотресот во Хрватска, со интензитет од 6,3 степени според Рихтер загинаа најмалку седум луѓе, а 20 се повредени, а најголема материјална штета има во Загреб, Сисак и Петриња. Потрагата по преживеаните продолжува и во текот на ноќта, а од под урнатините во Петриња спасени се шест луѓе. ми/

Остани поврзан