• среда, 26 јуни 2024

Ноќна атлетска трка „Трчаме за Рацин“ низ велешките улици

Ноќна атлетска трка „Трчаме за Рацин“ низ велешките улици
Велес, 1 јуни 2022(МИА) - Како дел од овогодишното одбележување на Рациновите средби, по неколку години пауза, повторно ќе се организира ноќна атлетска трка низ улиците на Велес во организација на АРК „Борец“ од Велес, а со поддршка од Општина Велес. На премиерното издание освен главните трки на 5 и 10 километри, ќе биде организирана и детска трка во должина од еден километар. Пријавувањето за трите трки е во тек и трае најдоцна до утре, информираат организаторите Како што појасни Лазе Петрушевски од АРК „Борец“ патеката е кружна од 1.550 метри , стартот и целта се на главната улица „Благој Ѓорев“, пред Гимназијата „Кочо Рацин", каде се наоѓа и неговиот споменик, а за што подобро уживање на трката ќе има добра музика и диџеј. - По завршувањето на трките по 21 часот се префрламе на добра стенд ап комедија во изведба на Бојан Велевски и жива свирка од бендови, додаде Петрушев. Петрушевски информира дека освен од Велес, за трките веќе се пријавиле и атлетичари од други градови од земјава и од соседна Србија. ад/сп/

Остани поврзан