• четврток, 04 декември 2025

Нотингем заинтересиран за Муса

Нотингем заинтересиран за Муса

Рим, 3 август 2025 (МИА) - Нотингем се подготвува да ја даде својата прва официјална понуда за играчот од средниот ред на Милан, Јунус Муса, објави „Ла Газета дело Спорт“.

Според италијанскиот спортски весник, 22-годишниот Американец не е во плановите на новиот тренер на Милан, Масимилијано Алегри. Тој е ставен на трансфер. 

Наполи водеше прелиминарни разговори за Муса, но нивната понуда од 25 милиони евра е одбиена. 

Милан сака да добие 30 милиони евра за својот фудбалер од средниот ред.

Муса имаше три асистенции на 40 натпревари во сезоната 2024/25. Неговиот договор важи до 30 јуни 2028 година.

„Трансфермаркт“ ја проценува трансферната вредност на играчот на 20 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан