Носителот на советничката листа на Коалицијата за зелена иднина во Штип презентираше дел од приоритетните проекти
- Коалицијата за зелена иднина на граѓаните во програмата им нуди приоритетни проекти за подобрување на условите за живот во Штип. Носителот на советничката листа Милчо Смиљанов презентираше дел од проектите, а приоритетот се става на здравството, образованието и социјалната политика.
Штип, 10 октомври 2025 (МИА) - Коалицијата за зелена иднина на граѓаните во програмата им нуди приоритетни проекти за подобрување на условите за живот во Штип. Носителот на советничката листа Милчо Смиљанов презентираше дел од проектите, а приоритетот се става на здравството, образованието и социјалната политика.
-Здраво бебе, здрава мајка, здрава иднина, породилно боледување за земјоделки. Во образованието бесплатно предучилишно воспитание, дуално образование, најдобрите практиканти да бидат приоритет на компаниите од реалниот сектор бидејќи Штип е универзитетски град следува и изградба на универзитетски Студентски дом. Обновливи работни места, тоа значи зелени работни места, изјави Смиљанов.
Дополнително ќе се залагаат за пензионерите, но и за младите, како и за културата и развој на туризмот во градот.
-На Штип му е потребен дом за стари лица бидејќи се иселија голем број од младите луѓе, а се повеќе остануваат стари, би кажал два збора – стоп на дискриминација по било кој основ, вели Смиљанов.
Коалицијата за зелена иднина на локалните избори настапува под реден број 8, а во Штип имаат советничка листа со 23 кандидати за советници. вдј/мд/
Фото: МИА