Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – г. п. Блаце
- Од вчера во 19 часот е нормализиран патниот правец Скопје – г. п. Блаце, каде сообраќајот заради настанат одрон се одвиваше со наизменично пропуштање на возила.
Скопје, 20 мај 2022 (МИА) - Од вчера во 19 часот е нормализиран патниот правец Скопје – г. п. Блаце, каде сообраќајот заради настанат одрон се одвиваше со наизменично пропуштање на возила.
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. цр/