Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“
- Воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“, соопшти попладнево Секторот за внатрешни работи Охрид.
Струга, 1 јануари 2026 (МИА) - Воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“, соопшти попладнево Секторот за внатрешни работи Охрид.
Според информацијата, сообраќајот се одвива во двете насоки, а беше затворен и во целосен прекин, од 30 декември поради превртена цистерна на патот.
- Сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. сс/бак/
Фото МИА архива