• четврток, 26 март 2026

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Скопје - Куманово, кај клучката Хиподром

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Скопје - Куманово, кај клучката Хиподром

Скопје, 24 октомври 2025 (МИА) - Сообраќајот на патниот правец Скопје - Куманово, на клучка Хиподром кон Куманово од 13:30 часот е нормализиран.

Од 9 часот денеска сообраќајот на клучката кај Хиподром беше во прекин поради сообраќајка каде товарно моторно возило марка „Мерцедес“ удрило во банкина.

Според информациите од СВР Скопје, во несреќата е повреден возачот на товарното возило, кој веднаш бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. бк/вг/

фото: МИА архива

Остани поврзан