Нормализирано снабдувањето со вода во Припор
- Саниран е дефектот на улицата „Христо Татарчев“ во населбата Припор со што од 13 часот е нормализирано водоснабдувањето, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Скопје, 1 септември 2024 (МИА) - Саниран е дефектот на улицата „Христо Татарчев“ во населбата Припор со што од 13 часот е нормализирано водоснабдувањето, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Оттаму утрово информираа дека поради дефект на улицата „Христо Татарчев 22а“ без вода од 00:30 часот се корисниците од ул. Христо Татарчев, краците 22, 22а, 23 и зградите со број 91,101,103,105 и 107. бак/
Фото: МИА архива