• недела, 22 декември 2024

Нормализирано водоснабдувањето во Штип

Нормализирано водоснабдувањето во Штип

Штип, 17 јуни 2023 (МИА) - Поради зголемената матност на водата која пристигнува од Хидросистемот „Злетовица“ на два часа е исклучена Филтер станицата во Штип. Директорот на ЈП „Исар“, Кирил Зајков вели дека до прекин во водоснабдувањето дошло во повисоките зони. Но, како што вели Зајков ситуацијата со матноста на водата од ХС „Злетовица“ е надмината и веќе е пуштена Филтер станицата да ја преработува водата за пиење за градот Штип.

-За кратко сите населби ќе имат вода за пиење. Без вода останаа само повисоките реони во Штип. Ова е само заради техникалијата на системот за преработка на водата. Знаете дека кога има обилни врнежи од дождови и водата која доаѓа од „Злетовица“ е со голема матност и тогаш не се пушта во Филтер станицата, вели Зајков.

Ваквата мерка се презема и со цел да не се запишат филтрите, односно превентивно се реагира и се прекинува во тој момент додокот на вода од ХС „Злетовица“ до Филтер станицата. Зајков посочува дека системот веќе е пуштен и се преработува водата за пиење, со што се нормализира водоснабдувањето низ градот Штип.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов за МИА вели дека будно се следи и водостојот на реката Брегалница, но засега нема опасност за можни поплави во штипскиот регион, додека во кочанскиот регион жителите на Облешево стравуваат дека е можно водата да пристигне до куќите во долниот дел на селото, каде што има и ниви под ориз. вдј/дма/

 Фото: МИА 

Остани поврзан