Нормализирано водоснабдувањето во Тетово, саниран е дефектот
- По два дена работа и целосно прекинување на водоснабдувањето, саниран е дефектот на една од најголемите водоводни цевки со големина од Ф400 во Тетово. Од комуналното претпријатие за водовод тврдат дека сега водоснабдувањето е нормализирано и има 400 литри вода во секунда.
Тетово, 13 август 2025 (МИА) - По два дена работа и целосно прекинување на водоснабдувањето, саниран е дефектот на една од најголемите водоводни цевки со големина од Ф400 во Тетово. Од комуналното претпријатие за водовод тврдат дека сега водоснабдувањето е нормализирано и има 400 литри вода во секунда.

- По интензивна и континуирана работа, екипите на ЈКП „Шар“ успешно го санираа дефектот на старата водоводна линија Ф400. Благодарение на посветеноста на нашите работници, водоснабдувањето во градот е целосно нормализирано и повторно достигнува капацитет од 400 литри во секунда. Им се извинуваме на граѓаните за непријатностите предизвикани за време на прекинот и ви благодариме за трпението и разбирањето што го покажавте во овој период, соопшти ЈП „Шар“.
Раководството упатува посебна благодарност работниците, кои, и покрај високите температури и тешките услови, вложиле максимални напори за брзо и ефикасно решавање на проблемот. ас/сст/
фото ЈП Шар Тетово