• петок, 05 декември 2025

Норис: Пјастри заслужи да победи, не можев да го стигнам

Норис: Пјастри заслужи да победи, не можев да го стигнам

Спа, 27 јули 2025 (МИА) - Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ги сподели своите впечатоци по денешната трка на белгиското Гран при.

- Оскар беше брилијантен денес, нема дилеми околу тоа. Беше похрабар во „Црвената вода“, го искористи летечкиот старт и го презеде водството. Немам за што да се жалам. Имаше подобар старт, и тоа беше доволно. После тоа, немав шанси да го стигнам. Секако, би сакал да завршам прв, но Оскар навистина ја заслужи оваа победа. Направив неколку грешки, а тој возеше беспрекорна трка - дури и без моите грешки, се сомневам дека ќе можев да го победам, изјави Норис.

Посочи на еден-два за Мекларен. 

- Мислам дека е прва на оваа патека по многу години. Резултатот е апсолутно заслужен. Следната трка, унгарското Гран при е една од моите омилени патеки. Имам убави спомени од овој настан и „Хунгароринг“ обично ми одговара повеќе од Спа. Генерално, сум задоволен од викендот, истакна Норис.

Пјастри е лидер во Генералниот пласман со 266 бодови, Норис е втор со 250, Верстапен е трет со освоени 185 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан