• петок, 22 ноември 2024

Норвешки министер отвори подводен тунел од својата канцеларија

Норвешки министер отвори подводен тунел од својата канцеларија
Осло, 23 април 2020 (МИА) – Норвешкиот министер за сообраќај Кнут Арилд Хареиде отвори подводен тунел со сечење лента во неговата канцеларија. На фотографиите што објави министерот на неговиот профил на Фејсбук се гледа министерот Кнут Арилд Хареиде сам во канцеларија, покрај фотограф кој бил да пропишана оддалеченост, како одбележува инаугурација на проектот Рјафаст, кој ги поврзува Ставангер и Рјафјалке. Првично било планирано посвечено одбележување, кое прво беше одложено а потоа и откажано поради глобалната пандемија, и така останал само министерот за сообраќај кој ја пресекол лентата во својата канцеларија каде има и балони во боите на норвешкото знаме и видео линк со други функционери. јт/

Остани поврзан