• недела, 22 декември 2024

Норвешка, Шведска и Финска создаваат воен транспортен коридор во Арктикот

Норвешка, Шведска и Финска создаваат воен транспортен коридор во Арктикот

Осло, 20 јуни 2024 (МИА) - Норвешка, Шведска и Финска се договорија да создадат воен транспортен коридор што ќе минува низ северниот дел на секоја од трите земји, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.

Овој договор е „важен чекор“ за овие три земји, кои се веќе членки на НАТО, нагласи тој.

Финска и Шведска ја напуштија својата повеќедецениска политика на необврзаност со одбранбени сојузи откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година. Финска се приклучи на Атлантскиот сојуз во април минатата година, а Шведска во март оваа година.

„Денес се договоривме да создадеме воен транспортен коридор низ северна Норвешка, северна Шведска и северна Финска“, рече Сторе по состанокот со неговиот шведски колега Улф Кристерсон и финскиот претседател Александар Стуб.

„Ова ќе овозможи брз транспорт на персонал и опрема од норвешките пристаништа до Финска преку Шведска“, додаде Сторе. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан