• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Норвешка по десетти пат ја освои европската титула во ракомет за жени

Норвешка по десетти пат ја освои европската титула во ракомет за жени

Виена, 15 декември 2024 (МИА) - Репрезентацијата на Норвешка по рекорден десетти пат ја освои европската титула во ракомет за жени.

Во Виена, во финалето на првенството кое се одржа во Австрија, Унгарија и Швајцарија, Норвежанките ја победија Данска со 31:23 (13:12). На овој начин го завршија турнирот без пораз, а со тоа ја испраќаат и една од најсилните години во нивната историја, откако летото триумфираа и со олимписката титула во Париз.

Најдобар стрелец за победниците во финалето беше Хени Рејстад со осум гола. Емили Ховден додаде уште шест.

За Данска, Ми Хејлунд и Ен Хансен завршија со по пет гола.

Во малото финале, Унгарија го совлада олимпискиот шампион Франција со 25:24 (12:13).

За Унгарките ова е прв бронзен медал откако го освоија во 2012 година. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан