• петок, 22 ноември 2024

Номинациите за наградата Златен глобус ќе бидат објавени денеска

Номинациите за наградата Златен глобус ќе бидат објавени денеска
Лос Анџелес, 3 февруари 2021 (МИА) - Номинациите за наградата Златен глобус ќе бидат објавени денеска, а тоа претставува почеток на сезоната на холивудските филмски награди, којашто беше нарушена оваа година поради корона-пандемијата и одложувањето на бројните големи снимања и прикажувања. Поради недостаток на големи филмски продукции, можно е бројни номинации да бидат од продукцијата на стрим-платформите, како што се Нетфликс, Амазон прајм и Епл. Златниот глобус е една од најпрестижните американски награди и е главен показател за тоа кои филмови или глумци имаат наголеми шанси на Оскарите. Но, Ковид-19 ги наруши и предвидувањата оваа година, поради одложувањата, вклучувајќи ги и Оскарите, коишто годинава беа поместени за крајот на април. Златниот глобус го доделува Холивудското здружение на странски новинари. Виртуелното доделување на наградите ќе се случи на 28 февруари, од Беверли Хилс, со скоро два месеци доцнење во споредба со вообичаениот датум, но сепак пред номинациите за Оскарите. Меѓу главните фаворити се Нетфликс-овите „Судскиот процес за Чикаго 7“ (The Trial of the Chicago 7), режиран од Арон Соркин, и „Недостатокот“ (Mank) на Дејвид Финчер. Амазон прајм се надева на трката со филмската адаптација на претставата „Една ноќ во Мајами“ со измислена средба меѓу Мохамед Али, Малком Екс и други Афроамериканци кои се борат за своите права, како и „Звукот на металот“. Во категоријата комедија, се очекува меѓу номинираните да бидат „Борат 2“, како и машките комедии „Матурска вечер“ (Нетфликс) и „Хамилтон“ (Дизни плус). Странските филмови се исто така во посебна категорија. Тука прогнозите укажуваат на филмот „Минари“, којшто раскажува за американско семејство со корејско потекло и кој може да го постигне успехот на „Паразит“ од минатата година. Кога станува збор за актерите, Чедвик Боуман од „Црниот пантер“, може да биде посмртно номиниран двапати - за улогите во „Црното дно на Ма Рајни“ и - „5 крвави“ на Спајк Ли. Стручњакот Крис Бичам, специјализиран за филмски награди, смета дека повеќето кандидати за номинации се, некако - „интимни филмови“ - прилагодени за гледање дома. Тој додава и дека жали што големи спектакли, како што се новиот „Џејмс Бонд“ филм или оние на Марвел се одложени, па годинава не се во ниедна трка.  си/

Остани поврзан