• недела, 23 јуни 2024

Нолито: Жена ми купи камион тоалетна хартија

Нолито: Жена ми купи камион тоалетна хартија
Севиља, 25 март 2020 (МИА) - Крилото на Севиља, Нолито раскажува како оди неговиот секојдневен живот, во затворен простор. - Признавам дека сопругата ми купи цел камион тоалетна хартија. Дома, тренирам неколку часа на ден, следејќи ги упатствата на тренерите, за да не изгубам форма. Важно е да бидеме во совршена форма кога повторно ќе играме, рече тој за „Марка“. Има многу работи што треба да се направат по дома, според него. - Имаме три деца кои постојано се шегуваат. Сега гледам серии на „Нетфликс“,но ми остануваат уште многу филмови, рече тој. Нолито додаде дека му недостасува нормален живот со семејството, како и тренинзи со соиграчите и натпревари.

Тагови

Остани поврзан