• петок, 05 декември 2025

Ногачески ветува подобар јавен превоз за граѓаните на Општина Дебрца

Ногачески ветува подобар јавен превоз за граѓаните на Општина Дебрца

Охрид, 12 октомври 2025 (МИА) – Зоран Ногачески, независниот кандидат за градоначалник на Општина Дебрца најави дека во идниот мандат на функцијата ќе работи на подобрување на јавниот превоз во општината.

Според него, граѓаните имаат право на сигурен, редовен и удобен превоз, затоа во новиот мандат ќе се залага за обновување на возниот парк, за поттикнување на превозниците за обнова на возилата, а основен критериум за добивање дозвола за линиски превоз на патници ќе биде поседување на нови, побезбедни и поеколошки возила.

„За редовен превоз ќе воспоставиме систем за следење на линиите и почитување на возниот ред, кој ќе бидејавно достапен на веб-страницата на општината и на огласните табли во месните заедници. Потоа че работиме на подобра организација на линиите, со анализа на сите постоїни линии и во согласност со реалните потреби, ќе воспоставиме оптимален распоред, вели тој.

Ногачески како актуелен градоначалник ветува поголема вклученост на граѓаните и превозниците, преку формирање совет за јавен превоз, составен од претставници на општината, превозниците и граѓаните што ќе ги следи проблемите и ќе предлага решенија.

Истовремено, тој најавува социјална и еколошка одговорност, преку воведување поволности за ученици, студенти, пензионери и лица со попреченост, а ќе поттикнуваме употреба на јавен превоз како поекономично и поеколошко решение.

Како следна мерка за подобрување на јавниот превоз тој уште ветува субвенционирање на нерентабилни линии, со цел секое населено место да добие редовен линиски превоз на патници.

-Со овие мерки, ќе обезбедиме побезбеден, поефикасен и поевтин превоз за сите жители на Општина Дебрца, затоа што секој граѓанин заслужува да може лесно и сигурно да стигне до своето работно место, училиште или здравствена установа, вели Ногачески во пораката до гласачите. аб/вг/

фото/МИА плакат

Остани поврзан