• среда, 20 ноември 2024

Нов 21 случај на коронавирус во Грција, вкупно 66

Нов 21 случај на коронавирус во Грција, вкупно 66
Атина, 7 март 2020 (МИА) - Бројот на потврдени случаи на новиот коронавирус во Грција се искачи на 66, откако вечерва беше потврден 21 нов случај, јави дописничката на МИА од Атина. Од 66 лица заразени со новиот коронавирус, 51 случај е поврзан со групата што била на аџилак во Израел и Египет односно 47 членови на групата и четири нивни контакти. Според Министерството за здравство на Грција, 22 лица се хоспитализирани во болници во Солун, Атина и Патра, еден заразен со Ковид-19 и понатаму е со сериозна пневмонија згрижен во одделот за интензивна нега во Патра, а 43 се во домашна изолација. Паралелно, продолжува процесот на проверка на контактите на новите случаи. ср/ми/

Остани поврзан