• вторник, 14 мај 2024

Нов тренд во Велика Британија: Печење леб дома

Нов тренд во Велика Британија: Печење леб дома
Лос Анџелес, 5 мај 2020 (МИА) - При вонредната состојба во Велика Британија, печењето домашно лепче стана доста популарно, па тој „нов тренд“ предизвикува недостаток на брашно и квасец по супермаркетите. Пекарската компанија Морисон, следејќи го трендот, покрај своите готови производи, почна да пакува и пакети брашно од еден и 16 килограми. Така, само во овие први 10 дена, нивниот синџир пекари продал рекордни 370 тони брашно и 19.000 пакетчиња квасец. На овој начин, според познавачите, Морисон во право време го препознал новото хоби и потребите на британските семејства и домаќинства. Оствари одлична заработка и ја зацврсти својата репутација како фирма. си/ми/

Остани поврзан