• петок, 05 декември 2025

Нов систем за водоснабдување доби населбата „146“ во Тетово вреден 700 илјади евра

Нов систем за водоснабдување доби населбата „146“ во Тетово вреден 700 илјади евра

Тетово, 6 септември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами го промовираше завршениот водоснабдителен систем за населбата наречена „146“ над Арабати Баба Теќе со што од денеска оваа населба со 10 илјади жители почнува да се снабдува со вода од изворите на Шар Планина.

-Ова е посебен ден затоа што со овој проект сме се занимавале како општинска администрација околу четири години. Проект наследен од претходната администрација со многу недостатоци, но на крај успеавме да ги отстраниме сите тие недостатоци, до тој ден кога водата прв пат ќе биде пуштена до домовите на жителите на овојд од градот, а затоа голема благодарност до жителите што имаа доверба во нас и чекаат го чекавме заедно овој ден, истакна Касами.

Според градоначалникот Касами, овој проект ја чинеше Општина Тетово околу 40 милиони денари, односно околу 700 000 евра. ас/вг/

Фото: Општина Тетово

Остани поврзан