• понеделник, 23 декември 2024

Нов протестен марш на група пензионери од Делчево кои бараат линеарно зголемување на пензиите

Нов протестен марш на група пензионери од Делчево кои бараат линеарно зголемување на пензиите

Делчево, 13 септември 2023 (МИА) - Во Делчево се одржа нов протестен марш на групата пензионери кои бараат линеарно зголемување на пензиите за 3.500 денари и утврдување на најниската минална пензија на 20 илјади денари.

Претставникот на иницијативниот одбор Васил Маневски, пред присутните истакна дека протестот не претставува политички митинг, туку истиот има заедничка цел, а тоа е да се изборат за праведните барања за покачување на пензиите и другите оправдани барања кои ги имаат како пензионери.

- Овие генерации што сме тука не бараме милостиња од никого, бараме да се вреднува нашиот минат труд. Сите сте сведоци дека кога бевме активни на работа, околу два проценти ни беа одбивани секој месец за самопридонес, сме се откажале од тој процент за да се изгради инфраструктурата на Делчево. Нашата генерација претпре многу неправди од неправедната приватизацијата преку транзицијата, а еве сега дочекавме да бидеме понижени не можеме да врземе крај со крај, бидејки секој ден цените растат, рече Маневски.

Пред присутната група незадоволни пензионери се обрати и претседателката на Здружението на пензионери од Делчево, Виолета Арсова, која ги соопшти одлуките на Извршниот одбор на здружението, по претходно доставените барања до нив, од страна на незадоволната група пензионери.

-Делегатите при ИО се изјаснија дека минималната пензија е многу мала и дека треба да се покачи во договор со соодветните институции. Го подржуваме барањето за бесплатно лекување на пензионерите со минимални пензии и предлагаме и други мерки воедно и предлагаме да има и социјални пакети на ранливите категории пензионери. Предлагаме Владата да се вклучи во преговорањето со производителите на храна со цел за намалување на цените на некои производи. По однос на барањето за бесплатно да им овозможиме превоз до Скопје ние како Здружение не сме во можност за такви финансии, поради тоа што во финансовиот план немаме предвидено такви средства, рече Арсова, потенцирајќи дека дел од средствата здружението ги наменило за санација на оштетените простории од поплавитр кои го зафатија и Клубот на пензионери.

Беше посочено дека преку спонзорства ќе се бара финансиска поддршка, за да можат во што поголем број да учествуваат на централниот протест што ќе се одржи во Скопје. вс/цр

Фото: МИА

Остани поврзан